ФудбалФудбал - Четврта Лига
(ФОТО) Канатларци е нов шампион во ОФЛ – Прилеп, убедлив во финалето над Гарван Десово

Екипата на Канатларци со убедливи 3:0 го збриша Гарван Десово во финалето одиграно на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп и стана нов шампион во Општината фудбалска лига – Прилеп.

Канатларци со овој триумф покрај тоа што станува првак во ОФЛ – Прилеп обезбеди место и во Трета лига – Југ за следната сезона.

Октај Јусуфоски беше стрелец на првиот гол постигнат во првиот дел од мечот, додека пак на стартот од второто полувреме Шенол Ибраимовски и Ферди Булут ги поставија конечните 3:0.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси


Revolution Development генерален поддржувач на Спортска Мрежа
