ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Јанг Тим се израдува на прва победа, Демир Хисар со херојска победа над Кораб

Јанг Тим се израдува на првата сезонска победа откако на теренот во Мороишта во рамки на 4. коло од Трета лига – Југозапад славеше над Македонија од Враништа со 3:2. Херој за домашниот тим беше Сеит Крека кој беше двоен стрелец за освојување на целиот „плен“.

Домашниот тим прв стигна до водство со голот на Атај Уљо во 19. минута, само две минути подоцна Маријан Чолески го израмни резултатот на 1:1. На стартот од вториот дел Васко Боровчански стрелаше за 1:2 и направи комплетен пресврт за водство на гостите од Враништа. Во 70. минута Крека постигна гол за 2:2, а само седум минути подоцна со втор гол Крека го врати водството за Јанг Тим на 3:2 и со тоа ги обезбеди сите три бода.

Влазними обезбеди цел „плен“ на гостувањето кај Иднина Боровец каде славеше со сигурни 0:2. Трите бода беа обезбедени во вториот дел од мечот, а стрелци беа Ермонд Арслани и Даниел Шекуткоски.

Демир Хисар на крилата на голгетерот Стефан Каревски забележа голема победа над фаворитот Кораб со сигурни 3:1 пред полни трибини. Интересен натпревар се одигра на Градскиот стадион во Демир Хисар каде во првиот дел домашниот тим имаше водство од 2:0 со двата погодоци на Караевски.

На стартот од второто полувреме Ерјон Кочи го врати Кораб во борба за изненадување, но Демир Хисар не дозволи изненадување и преку Оливер Јанкуловски во 61. минута го зголеми водството на 3:1, а тоа се покажа и како конечен резултат.

Лирија на домашен терен однесе голема победа во дербито против Преспа со 5:2. На теренот во Грнчари домашниот тим имаше водство од 3:1. Хет-трик за Лирија постигна Неџми Реџепи, а по еден гол постигнаа Тони Настевски и Благоја Наумоски. За гостите погодија Илче Талевски и Христијан Петрески.

Вчера, Новаци со 3:2 славеше во дербито против Кравари, а извештајот за овој меч можете да го прочитате ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!