ФОТО: Италијанец на мапа ги претстави сите фудбалски клубови од Македонија

Италијанец креираше мапа на Македонија со локација на која се наоѓаат сите клубови кои се натпреваруваат во Првата и Втората фудбалска лига, како и дел од клубовите кои се натпреваруваат во Третата македонска фудбалска лига.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Во Струга се прикажани третолигашите Караорман и Влазними како и прволигашот Струга Трим Лум, во Охрид се прикажани второлигашите Охрид Лихнидос и Воска Спорт, додека пак во Струмица прволигашот Академија Пандев, второлигашот Беласица и третолигашот Тиверија.
Интересно е тоа што Италијанецот има одлично познавање и за македонските третолигаши, па колку за пример ги има претставено и Габер од Ваташа клуб кој се натпреваруваше во Трета лиг – Југ, Раклиш од Радовиш клуб кој се натпреваруваше во Трета лига – Исток, тука ги има и Василево, Карбинци, потоа Нераште, Росоман, Октиси Спорт, Новаци, Кравари, Големо Коњари, Питу Гули, Демир Хисар, Рудар, Малеш од Берово, Братство, Ново Црнилиште, Башкими, Македонија од Враништа и многу други екипи од Третата фудбалска лига.
- Италијанецот на мапа ги претстави македонски фудбалски клубови од Прва, Втора и Трета лига:

На крај останува прашањето – дали инспирацијата на овој Италијанец за да изработи ваква мапа е поразот на Италија од Македонија во баражот за Светското првенство кое се игра следната година во Катар ?
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428