Ракомет
ФОТО: Искусниот голман Паунов верен на Радовиш, продолжена соработката со уште четири ракометари!

Екипата на Радовиш и следната сезона ќе се натпреварува во ракометната Суперлига, а денес беше продолжена соработката со пет важни играчи во тимот.
Денес во „СРЦ 25-мај“ беше продолжена долгогодишната соработка со искусниот голман Славјан Паунов, кој останува уште една сезона да го брани голот на радовишани. Исто така, Радовиш ја продолжи соработката со младиот пивот Томче Трајчевски, бековите Здравко Постолов, Ангелче Органџиев и Иванче Ончев, кои и следната сезона ќе го носат дресот на Радовиш.
Радовиш сезоната ја заврши на 10. место на табелата и со тоа избори директен опстанок во ракометната елита на Македонија.