ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Индивидуална статистика на фудбалерите на Брегалница во есенската полусезона во ПМФЛ

Брегалница запиша успешна полусезона по враќањето во Првата македонска фудбалска лига, по четиригодишно натпреварување во второлигашката конкуренција.

„Сините“ на крајот есента ја завршија на четвртата позиција со 29 бода и гол разлика од 27-25, запишувајќи притоа осум победи, пет ремија и пет порази во 18 одиграни кола во елитата.

Ако се погледне поединечната статистика, фудбалер со најголема минутажа изминатава есен е Михаил Маневски кој бил стартер на сите 18 натпревари во составот на Марјан Секуловски, притоа со одиграни 1575 минути на терен. Стартер на сите 18 натпревари бил уште само Мартин Стојанов, но заменет на 11 натпревари па со минутажа од 1459 минути. Втор по најголема минутажа, зад Маневски, е младиот репрезентативен голман Давид Денковски кој бранеше на 17 натпревари оставајќи зад себе извонредна полусезона, издвојувајќи се како еден од најдобрите голмани во Првата лига. Иста минутажа како и Денковски има и хрватскиот интернационалец Антонио Азиновиќ кој беше одличен во одбраната минувајќи 1530 минути.

Фудбалерите на Брегалница изминатава есен постигнаа 27 гола, издвојувајќи се како четврти тим во лигата по број на постигнати погодоци. Убедливо со најмногу постигнати гола е Шкупи – 43, а Академија Пандев и Шкендија имаат само еден гол повеќе од Брегалница – по 28 погодоци.

Најдобар стрелец на „сините“ е Марјан Алтипармаковски со 9 гола, а зад него е Мартин Стојанов со 6 погодоци, по што следи Милан Ѓокиќ со 3 гола. По два погодоци запишаа Јован Манев, Дарко Додев и Никола Ескиќ.

ФОТО: ФК Брегалница

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!