ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Хаос на мечот меѓу Јувентус Серава и Шкендија, интервенираше и полицијата

Мечот во рамките на 13. коло од Првата футсал лига на Македонија меѓу Јувентус Серава и Шкендија не го дочека својот крај, истиот беше прекинат во 9. минута при резултат 1:1. Гостите преку Едис Муртазани во 4. минута први дојдоа до водство, а пак три минути подоцна Дионис Укшини погоди за 1:1.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

Во 9. минутa настанал хаос на теренот, а што навистина се случувало на мечот во продолжение ја имате забелешката од официјалниот записник од натпреварот.

Забелешка од официјалниот записник од натпреварот:

„Во 9 минута при груб фаул на домашнот играч со број 4 Рамадани Хамза настана гужва на терен при што влета играч на гостинската екипа со број 5 Елвир Нуиши од клупа да се пресмета со играчот со број 4 Хамза Рамадани, тука настана поголем проблем каде што влетаа повеќе играчи од двете екипи и мечот беше прекинат. Судиите доделија заслужени црвени картони и гостинската екипа не сакаше да го продолжи натпреварот и откако ги почекавме 15 минути процедурално гостинската екипа не се појави на терен повторно. Следува дополнителен извештај. Снимката дополнително ќе биде пратена во Федерација во одредено време.“

Фотографии од хаосот на натпреварот:

Фотографии испратени до Спортска Мрежа
Фотографии испратени до Спортска Мрежа

„Немаше влез од гледачите, бидејќи немаше гледачи, но навикнати се на лаги дека играчот на Јувентус, Серава Хамза направил прекршок, додека играчот на Шкендија од клупата за резерви влегува на теренот и го удира играчот на Јувентус Серава. Голманот на Јувентус Серава исто така брани соиграч и потоа сите влеговме на теренот да ја смириме ситуацијата. Таму беше и полицијата која влезе на терен за да ја расчисти ситуацијата, но КМФ Шкендија го напушти теренот. Потоа отиде делегатот и судијата и им кажаа дека имаат 15 минути да се вратат на теренот, а ако не се вратите победата е за Јувентус Серава со службен резултат“, вели тренерот на Јувентус Серава Гафур Хасани за „Опен ТВ“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!