ФОТО: Градскиот стадион во Радовиш доби нов лик – комплетно обновена трибината и помошните кабини

Градскиот стадион во Радовиш доби нов лик, откако комплетно беше обновена едната трибина и помошните кабини каде седат резервните фудбалери и претставниците на клубови.
Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен
Утре, токму на Градскиот стадион во Радовиш се игра големиот дуел меѓу Детонит Плачковица и Вардар, а тоа ќе предизвика трибините од двете страни да бидат полни со навивачи на двете екипи.

Детонит Плачковица за есенската полусезона има амбиции да заврши во првите пет места на табелата, а на стартот од сезоната, по две одиграни кола радовишани имаат две победи – против Беласица со 2:0 на домашен терен и во Тетово против Тетекс со 1:3.

Од друга страна и Вардар има две победи на стартот од новата сезона, но поради полошата гол разлика „вардарци“ се место подолу на табелата во однос на радовишани. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб пред утрешното гостување во Радовиш, триумфираше против Арсими (0:1) и против Охрид (2:0).

Миа – ладно цедено масло од лешник и путер од лешник
Натпреварот ќе започне во 16:00 часот, а главен судија ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија.
