ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Градоначалникот на Охрид и претседателот на ФФМ денес направија увид на завршните градежни активностити на новата трибина на „Билјанини Извори“

Денес претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески направија увид на завршните градежни активностити за изградба на новата трибина на Градскиот стадион „Билјанини Извори“.

„Ова е заедничка инвестиција на Општина Охрид и ФФМ во вредност од 1 милион евра и истата е една голема придобивка за нашиот град, за развојот на спортот и обезбедување на посовремени услови за развој на спортски туризам“, вели градоначалникот Георгиески.

Капацитетот на новата трибина е 1480 седишта. Во нејзиниот централен дел е изведена вип ложа, коментаторска кабина и простор за камери. Согласно проектот, изведени се и сите внатрешни простории, кои се предвидени за вакви современи спортски објекти.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!