ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Гостивар означи старт на подготовките и промовираше две нови засилувања

Македонскиот второлигаш Гостивар денес означи старт на подготовките за пролетните предизвици во Втората лига – Запад и промовираше две нови засилувања.

Денес сите фудбалери го одработија првиот тренинг на Градскиот стадион во Гостивар, а овој второлигаш ќе има за цел да обезбеди сигурен опстанок за следната сезона во второлигашкото друштво.

>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<

Гостивар ги промовираше Ариан Исени и Марко Ристов како нови засилувања кои треба да помогнат во остварување на зацртаните цели.

21-годишниот голман Исени во Гостивар доаѓа од редовите на Кораб, а во својата кариера има настапувано и за Ренова, а потекнува од Шкендија. Ристов пак доаѓа од прволигашот Работнички има 17-години и треба да ја зголеми конкуренцијата во дефанзивниот дел.

Двајцата млади играчи денес во просториите на клубот ги промовираше секратарот на Гостивар Алберт Јакупи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!