ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Ѓоре Јовановски на прв собир со Беласица

Беласица ги започна подготовките со два тренинг денес и во пролетната полусезона екипата заедно со Јовановски имаат една цел – да изборат опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Искусниот Јовановски е трет тренер на Беласица, по Ване Милков и Шефки Арифовски. Во својата кариера Јовановски ги има предводено Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Милано од Куманово, Металург, ЦСКА Софија, Шкендија, Брегалница од Штип и турски Самсунспор. Јовановски исто така е и поранешен селектор на македонската репрезентација.

Беласица е „закована“ на дното од табелата со 9 освоени бодови, па во пролетната полусезона ја чека тешка борба за опстанок во ПМФЛ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!