ФудбалФудбал - ОстанатоФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Горан Пандев избран за делегат во ФФМ од страна на ОФС Струмица

Фудбалерот на Парма и поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев е избран за делегат на Собранието на ФФМ од страна на ОФС Струмица. Како што информираше „Дрнка.МК“ неговото име дојде како предлог од ФК Академија Пандев за кого гласаа сите присутни на годишното отчетно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз во Струмица на кое преку видео врска беше присутен и самиот Пандев кој е жесток критичар на работата на актуелното раководство на ФФМ.

ФОТО: Дрнка.МК

Покрај Пандев за делегати во Собранието на ФФМ се избрани и Ѓорѓи Гоцевски – претседател на општинскиот сојуз и Ванчо Коцев од ФК Плачковица од Радовиш. Нивните мандати сега требa да бидат верификувани од страна на Федерација со цел да може да учествуваат на мартовското годишно Собрание, но и да биде укината суспензијата на судии, делегати и контролори кои доаѓаат од ОФС Струмица.

ФОТО: Дрнка.МК

ОФС Струмица минатата година не избра претставници и не учествуваше на Собранието на ФФМ, со што го изнезе револтот кон актуелниот претседател на Федерацијата Муамед Сејдини. Од таа причина изминатите 12 месеци над 20 судии, делегати и контролори од ОФС Струмица не беа дел од македонскиот фудбал како казна што струмичани лани го бојкотираа Собранието на ФФМ.

ФОТО: Дрнка.МК

На годишното Собрание на ОФС Струмица присутни беа 38 од 47 делегати кои дадоа своја поддршка на избраните тројца претставници, како и на поднесените извештаи.

Останува да видеме дали во следиот период ќе има позитивни информации кога е во прашање и почетокот на сезоната во Трета лига – Исток, или за прв пат цела сезона во третолигашкиот фудбал на Истокот нема да биде одиграна.

ФОТО: Дрнка.МК

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ги игра последните месеци од својата кариера, по завршувањето на сезоната струмичката гордост ќе ги закачи копачките и ќе стави крај на својата професионална фудбалска кариера.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!