ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Голманот Иван Николоски сè уште нема примено погодок, Воска Спорт го има и најефикасниот напад!

По три одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, голманот на Воска Спорт, Иван Николоски нема примено погодок.

Охриѓани играат фантастична сезона во која целта ќе биде да се обезбеди историски влез во Првата македонска фудбалска лига.

Воска Спорт меѓу стативите има голман, кој по три одиграни кола во Втора лига, е единствениот кој сè уште нема примено погодок.

Вила со базен и поглед кон Охридското езеро, бидете сведоци на најубавите зајдисонца

Воска Спорт по три одиграни кола има максимални 9 бодови и се наоѓа на врвот од табелата, а има гол разлика од 9 постигнати и ниту еден примен погодок. Во првото коло Воска Спорт го доби дербито покрај езерото против Караорман во Струга со 0:2, потоа со убедливи 3:0 на домашен терен триумфираше над Локомотива Пехчево, додека пак во последното коло среде Македонска Каменица со убедливи 0:4 ја декласираше Каменица Саса.

ВАШАТА РЕКЛАМА ОВДЕ – 074 241 247

Воска Спорт со ваквите резултати од првите три кола го има најефикасниот напад во лигата.

Во следното коло Воска Спорт ќе биде домаќин на Беса од Добри Дол каде целта на охриѓани ќе биде продолжување на победничката низа, додека пак 19-годишниот голман ќе биде пред предизвик да ја сочува мрежата чиста и на четвртиот натпревар.

  • Цела табела од Втора лига со бодови и гол-разлика на секоја екипа:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!