ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Голманот Горан Трајковски е најново засилување за Воска Спорт

Тоа што вчера Спортска Мрежа ексклузивно го најави денес и официјално беше потврдено. Голманот Горан Трајковски е најново засилување за Воска Спорт од Охрид. 24-годшниот голман кој претставува големо засилување за новиот второлигаш денес и официјално беше преставен на „Грашница“.

Воска Спорт продолжува со квалитетни засилувања и дефинитивно станува конкуретен тим за првото место, а со тоа и можност за нов уште поголем историски успех – пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Трајковски покрај за Силекс има настапувано и за Работнички, прилепска Победа, Македонија Ѓорче Петров и радовишка Плачковица.

Охриѓани со Трајковски на голманската позиција добиваат многу на квалитет.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!