Европски ФудбалФудбал

ФОТО: Големото срце на Месут Озил

Месут Озил уште еднаш покажа дека неговите човечки квалитети се еднакви, ако не и поголеми од фудбалот.

Германскиот репрезентативец, кој игра за Фенербахче, обезбеди медицинска опрема, лекови и лекари како дел од акцијата за помош на сиромашните деца во Африка. За големиот ас, ова е една од серијата хуманитарни акции во кои тој учествуваше.

На Твитер, Озил објави дека сторил се’ во соработка со хуманитарната организација „Бигшу“, која се занимава со собирање и испорака на помош, во случајов за децата на Малави.

„Мило ми е што ја продолживме нашата мисија по паузата поради коронавирусот. Благодарам на сите, особено на тимот доктори, за неверојатната работа што ја направија“, рече Озил.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!