ФОТО: Големо Коњари со „петарда“ за новиот третолигаш Бучин, Превалец со ПЕТКА за Ново Црнилиште

Денес со два натпревари беше отворено 2. коло од Третата лига – Југ. Амбициозниот тим на Големо Коњари со високи 5:3 триумфираше над новиот третолигаш Бучин кој покажа сила кон фаворитот, но не доволно за изненадување.
Резултатот го отвори искусниот голгетер Зоран Мирчески во 11. минута од мечот, а осум минути подоцна Роберт Димитријески ја дуплираше предноста за домашните. Гостите преку Христијан Пачешкоски со брз гол во 21. минута го врати Бучин во игра и за три бодови. На пет минути пред крајот на првиот дел Драган Пурчески ја погоди противничката мрежа за 3:1 на полувреме.

Од вториот дел беа потребни само осум минути игра за Николче Касниоски да донесе водство од 4:1 за домашните, со што беа урнати надежите на Бучин за позитивен исход на тешкото гостување кај Големо Коњари. Меѓутоа, гостите преку Ѓорѓија Мургоски во 77. минута и три минути подоцна со погодокот на Диме Рошкоски дојдоа до 4:3 и се вратија во игра барем да откинат два бода од фаворитот. Над една минута пред крајот на натпреварот Даниел Тренески стави точка на натпреварот и не дозволи изненадувања со погодок за конечните 5:3.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Превалец на крилата на Бобан Андов го надигра Ново Црнилиште со убедливи 2:5 на гостински терен. Андов со четири погодоци беше најдобар стрелец за гостите и на самата средба, а еден погодок за Превалец беше дело на Пеце Стојанов. За домаќинот двата погодоци ги постигна Ерџан Ибраимоски.

Утре, Питу Гули ќе ги одмери силите со Динамо, Возарци ДМД ќе биде домаќин на Слога 1976 од Лажани, Младост 1930 во Кривогаштани ќе го пречека фаворитот Росоман, а последен дуел предвиден од 2. коло за утре ќе биде Обрашани против Марена.
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА – МАРКЕТИНГ НА СПОРТСКА МРЕЖА 074/241-247
�оментари