ФОТО: Голем триумф на Тиквеш, Шкупи ја потопи Струга, Брегалница преку пресврт се радуваше во Штип!

Шкендија дојде до нов триуф и продолжува да го напаѓа врвот од табелата, откако актуелниот шампион со 1:2 триумфираше над Македонија Ѓорче Петров. Резултатот беше отворен во 11. минута од мечот кога Синдрит Гури ја погоди противничката мрежа за водство од 0:1. „Лавовите“ во 25. минута останаа без играч помалку на теренот, откако Филип Мишевски заработи втор жолт картон со што беше исклучен од игра. Во вториот дел Аденис Шала зголеми на 0:2. На пет минути пред крајот на првиот дел Абу Камара намали на 1:2 и ги врати „лавовите“ со шанси да го избегнат поразот. Во продолжението од натпреварот Камара најпрво ја погоди пречката, а потоа по одбиената топка упати уште еден удар, но голманот Захов интервенираше и ги спаси трите бодови за Шкендија.

По само четири минути игра на Градскиот стадион во Штип, Крста Ѓорѓевиќ приреди вистинско изненадување и „ладен туш“ за навивачите на штипските „сини“ откако го донесе Борец во рано водство од 0:1. Пред крајот на првиот дел во судиското надополнување Кристијан Ацковски постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Марјан Алтипармаковски погоди за пресврт и водство на домашните од 2:1.

Кавадарчани дојдоа до важниот триуф и ги обезбедија клучните три бодови, откако на домашен терен славеа со сигурни 2:0 над Работнички кој продолжува со резултатската криза. Барга Нгоба Анаел во 35. минута го отвори резултатот за водство на Тиквеш. Во вториот дел Едиз Спахиу ги постави конечните 2:0, откако погоди во 69. минута.

Пелистер на домашен терен ремизираше без погодоци 0:0 против Скопје и го запиша петтиот бод од петтото сезонско реми.

Првите 45 минута на Чаир поминаа со чисти мрежи, но во вториот дел се случи вистински потоп на Струга која за шест минути прими три гола. Адетуњи Сандеј Дамиларе два пати стрелаше во 55. и 59. минута од мечот за 2:0. Само две минути подоцна Кире Маркоски погоди за високи 3:0. Голеадата продолжи во 70. минута со трет гол на Адетуњи Сандеј Дамиларе за конечните 4:0.
Во вчерашниот воведен натпревар Ренова беше поразена дома од Академија Пандев со 1:2.