ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Голем гест за Влатко Стојановски – донираше спортска опрема за најмладите во Каменица Саса

Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски по завршувањето на Европското првенство се врати во родната Каменица Саса и направи голем гест.

Стојановски кој своите почетоци во фудбалската кариера ги имаше во Македонска Каменица, донираше спортска опрема за сите млади категории од детската лига 2009-2015 на Каменица Саса.

„Играчот Влатко Стојановски кој своите почетоци ги започна токму во ФК Каменица Саса играч кој ФК Каменица Саса ке му биде благодарна вечно за своите дела кој ги има направено за Овој клуб. Денес донираше тренерки на сите млади категори од детската лига 2009-2015 на ФК Каменица Саса. Ти благодариме многу и ја имаш сета подршка за светско првенство во Катар“, напишаа од второлигашот Саса на социјалните мрежите.

Од второлигашот Каменица Саса му се заблагодарија на Стојановски за големиот гест и му посакаа среќа во квалификациите за СП 2022 кое се игра во Катар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!