ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Голеада во Штип и Ѓорче, Академија Пандев од Кавадарци се враќа со три бода

Денес се одигра 3. вонредно коло од Првата лига кое донесе многу голови. Во Штип и Ѓорче паднаа вкупно 12 погодоци.

Брегалница одигра одличен натпревар против актуелниот шампион Шкендија и на крај требаше да се задоволни со бод, откако одигра 3:3. Штипските „сини“ уште во 12. минута со гол на Алтипармаковски стигнаа до водство од 1:0. На стартот на вториот дел Азимовиќ си постигна автогол со што Шкендија се врати во игра. Радоста на тетовчани траеше само три минути, откако Стојанов во 62. минута ја донесе Брегалница повторно во водство од 2:1. Шкендија која имаше многу шанси, беше поконкретна и во двете полувремиња преку Ибраими во 81. минута се врати резултатски. Осум минути подоцна Качевски покажа на белата точка за шампионот, а Дориев успешно реализираше за 2:3 и водство на Шкендија. Кога целата публика на Градскиот стадион во Штип мислеше дека Шкендија дома ќе си замине со три бода, Дујовски постигна неверојатен гол за конечни 3:3 во судиското надополнување.

Македонија Ѓорче Петров без милост го декласираше повратникот Скопје со високи 5:1. Адем уште во 4. минута со гол со пенал ги донесе „лавовите“ во водство. Во 13. минута Лазаревиќ зголеми на 2:0, a Демиер во 33. минута успеа да намали на 2:1 ма на полувреме. Во вториот дел Попзлатанов со два гола во 60. и 77. минута донесе водство за Македонија ЃП од 4:1. Конечните 5:1 ги постави Лемос во 81. минута.

ФОТО: СпортскаМрежа.МК

Академија Пандев со 0:2 славеше над повратникот Тиквеш на првиот прволигашки натпревар одигран на Градскиот стадион во Кавадарци. „Пандевци“ повторно на „крилата“ на Мирчевски обезбедија сигурно победа, откако во 44. минута голгетерот на струмичкиот прволигаш ја погоди противничката мрежа за водство од 0:1 на струмичани. Во вториот дел само пет минути игра беа потребни за Манев да постигне гол со што беа поставени конечните 0:2.

Работнички на домашен терен одигра само 0:0 со Струга Трим Лум и овој натпревар беше единствен на кој немаше постигнато погодоци.

Пелистер денес го одигра првиот домашен натпревар во новата сезона, но немаше среќа, бидејќи загуби со 0:2 од Шкупи кој остана без играч помалку. Радески уште во 1. минута донесе водство за екипата од Чаир, додека пак пет минуги подоцна Јусуф си постигна автогол. Во 29. минута Алварез заработи директен црвен картон, но тоа не донесе никакви проблеми за Шкупи кој дома си оди со три бода.

Ренова во Тетово со 2:0 славаше над Борец и ја продолжува одличната серија резултати. „Гипсарите“ уште во 5. минута дојдоа до водство со гол на Селмани, а конечните 2:0 ги постави Ајрулах во 83. минута од натпреварот.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТА ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!