Европски ФудбалФудбал

(ФОТО) Глупост на годината: Навивач на Сити ќе мора да ја корегира тетоважата!

Челзи во саботата вечерта го победи Манчестер Сити со 1-0 во големото финале од Лигата на шампионите и со тоа ја освои титулата на Стариот континент по втор пат во својата историја.

Пред натпреварот, екипата на Мачестер Сити важеше за голем фаворит. Некои навивачи на овој клуб беа премногу убедени во победата и првата титула европски шампион, па еден од нив го истетовирал трофејот од Лигата на шампионите на листот од десната нога и го напишал името на неговиот сакан клуб подолу.

Навистина неверојатна глупост на навивач на „граѓаните“, кој веднаш ќе мора да ја корегира тетоважата.

Колку за негова утеха, неговиот омилен клуб ја освои англиската титула, па можеби титулата од ЛШ може да ја трансформира во титула од Премиер лигата. Навистина неверојатно до каде оди човечката глупост…

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!