ФОТО: Глигоров е нов тренер на Марена, реми на првиот контролен натпревар

Третолигашот Марена во новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Југ ќе ја стартува со нов тренер и неколку нови засилувања.
>>> КОТВА.МК – ПЛАТФОРМА ЗА ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ТУРИЗАМ <<<
На тренерското столче седнува искусниот тренер Никола Глигоров кој има големо искуство како тренер на прволигаши и второлигаши во Македонија. Марена под водство на новиот тренер на првата контролка одигра 1:1 против Превалец.

Инаку, на натпреварот, Александар Вељанов беше стрелец за Марена, додека пак за Превалец погодок постигна Антонио Чоков.

Следен контролен натпревар за Марена ќе биде против Вардар од Неготино на домашен терен, а овој тест за закажан за во недела со почеток од 13:00 часот на теренот на Марена.
Како што дознава Спортска Мрежа клубот планира да ангажира неколку засилувања, а амбициите се Марена да биде стабилен третолигаш.

Веќе во петок со почеток од 18:00 часот во Прилеп е закажана ждрепката со што ќе бидат познати сите учесници во новата сезона од Третата лига – Југ.
