ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Форца го распадна Конзули во дербито на колото со ДЕСЕТ гола, Астибо пресилен за Овче Поле

Вечерва беше комплетирано 10. коло од Втората футсал лига на Македонија со последните два натпревари.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

Во првиот меч одигран во Штип екипата на Астибо со 6:2 убедливо го совлада Овче Поле од Свети Николе.

Р. Дукова | АРХИВА

Во „Коле Нехтенин“ Горан Арсовски беше двоен стрелец, а по еден погодок постигнаа Петар Левков, Дарко Алексовски, Иван Николовски и Стојанче Ивановски. За гостите од Свети Николе Марио Начев и Стојанеч Трајков ги постигнаа двата погодоци.

ФОТО: Спортска Мрежа

Големото дерби на колото во Битола му припадна на Форца која со убедливи 3:10 го декласираше Конзули.

Форца со овој триумф прави чекор поблиску кон остварување на целта – освојување на едно од двете места кои водат во Прва лига. Стефан Стефановски прв го донесе Конзули во водство уште во 2. минута од мечот, а гостите по само неколку минути игра го свртеа резултатот.

ФОТО: Спортска Мрежа

Екрем Мемеди постигна четири погодоци, Висар Аљији постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Нермин Бишевац, Стефан Трендафиловски и Егзон Азири. Во финишот од натпреварот Стефановски постигна втор гол, а во листата на стрелци за Конзули се запиша и Антонио Стојковски.

ФОТО: Спортска Мрежа

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!