
Прегледот на на последното коло од Втората футсал лига на Македонија го овозможи Revolution Development.
Вечерва беше одиграно последното коло од Втората футсал лига на Македонија. Нов шампион е екипата на Форца која од следната сезона ќе се натпреварува во Првата футсал лига на Македонија. Покрај Форца, во Прва лига патува и екипата на велешки Кеги Моби.
Екипата на Форца вечерва со 7:10 триумфираше над СЕЕ Университи во последното 22. коло од Втората футсал лига.
Првиот дел од мечот помина во тотална неизвесност, а резултатот на паузата беше 3:3. Во второто полувреме Форца со поголема доминација на теренот ја оправда фаворитската улога со конечните 7:10.
За домашниот тим по два погодоци постигнаа Гезим Азизов, Ветон Чауши и Атмир Бакија, а пак еден гол постигна Алирами Рамадани.
За гостинската екипа пет погодоци постигна Екрем Мемеди, хет-трик постигна Стефан Трандафиловски, а по еден гол постигнаа Аљиљ Османи и Бесим Мустафи.
Во Битола „пленот“ го поделија Конзули и Овче Поле играјќи 3:3. Ваквиот резултат е повеќе од одличен за гостите од Свети Николе бидејќи во Битола пристигнаа со пет млади играчи предводени од искусниот Икица Јованов.

Овче Поле одигра одлична сезона и истата ја заврши на високото четврто место. Резултатот на полувреме беше 2:1 за домашниот тим кој дојде до брзо водство откако Стефан Стефановски и Кристиан Симиќ постигнаа погодоци за 2:0 до 6. минута. Пред крајот на првиот дел Никола Стојковиќ погоди и намали на еден гол негатива.
На стартот од вториот дел гостите од Свети Николе дојдоа дури и до водство од 2:3 со погодоците на Павел Русевски и Павел Смиљков. Пред крајот на мечот Владимир Митревски погоди за конечните 3:3 и го спаси Конзули од пораз на домашен терен.
Клими на домашен терен со убедливи 5:2 го збриша Мал Ајакс за крај на сезоната. Во Кавадарци по крајот на првиот дел Клими имаше убедливи 4:1, а во вториот дел победата беше само потврдена.
Дане Митрев беше двоен стрелец за домаќинот, а по еден гол постигнаа Димитар Чоков, Валентин Колевски и Ѓорѓи Шишков. За гостите од Штип двата погодоци ги постигнаа Седат Мамудов и Серхан Шакиров.
Штипски Кардшлк сезоната ја заврши на дното од табелата без ниту еден освоен бод. Оваа екипа е единствената во Македонија во Првата и Втората футсал лига која во цела сезона не успеа да собере ниту еден бод.