ФОТО: ФК Тополка од Велес: Ги исполнивме сите критериуми, а не добивме ваучер – да се обединиме заедно и да ја бараме правдата!

Фудбалскиот клуб Тополка од Велес, кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Велес, излезе со соопштение преку кое реагираше за недоделувањето на ваучер за 2022 година. Клубот вели дека ги исполнил сите услови, но и покрај тоа нема добиено ваучер.
Од ФК Тополка ги повикаа сите оштетени клубови да се обединат и по институционален пат да ја бараат правдата.
- Целосното соопштение на ФК Тополка – Велес:
„ФК Тополка реагира на АМС за доделување на ваучер иако за оваа година бевме оценети и имаме 16 бода предложено од комисијата на ФФМ до Централната комисија на АМС тие не ни доделија ваучер што ни следува по закон, притоа исполнуваќи ги сите критериуми за ваучерот без никаков одговор нити образложение од страна на Централна комисија на АМС кои земаат големи хонорари по седница, а и не знаеме кои пет члена ја сочинуваат и зошто работат како што работат ние се обративме писмено чекаме одговор апелираме до сите оштетени клубови при нашата Фудбалска федерација да се обединиме да ја бараме правдата по институционален пат со кривична пријава за овие Анти Спортисти од Централната Комисија на АМС за ваквите нивни страмни одлуки што не се во интерес на спортот, Спортски поздрав.“
