ФудбалФудбал - Четврта Лига

ФОТО: Финален бараж за Трета лига – Југозапад. Св. Троица ЦГ против Св. Троица 2021

Познати двајцата патници во финалето од баражот за Трета лига – Југозапад и за шампион на Општинската фудбалска лига во Охрид, екипите на Св. Троица ЦГ и Св. Троица 2021 ќе играат финале за влез во третолигашкото друштво на Југозападот.

Св. Троица ЦГ денес со 2:0 го доби Славеј Мешеишта со погодоците на Усеин Роберт и Сенад Бајрамоски.

Вчера Св. Троица 2021 ја елиминираше на пенали екипата на Слатино (5:4), откако во регуларниот дел натпреварот заврши со 3:3. Слатино може да жали за исходот од овој меч бидејќи на полувреме имаше предност од 3:0. Св. Троица 2021 успеа да анулира негатива од три гола и во пенал рулетот да го исфрли противникот на патот кон финалето за место во Трета лига – Југозапад.

Екипа на Св. Троица 2021

Резултатот го отвир Наум Танески во 10. минута од мечот, а пак во 22. минута од мечот Бошко Наумоски од слободен удар ја дуплираше предноста. На седум минути пред крајот на првиот дел Христијан Латкоски обезбеди водство од три гола на полувреме.

Екипа на Слатино

Во вториот дел Св. Троица 2021 на крилата на Никола Угриноски успеа да анулира негатива од три гола и да дојде до 3:3 во регуларниот дел од мечот. Во пенал рулетот Св. Троица 2021 имаше повеќе спортска среќа и обезбеди финален меч со Св. Троица ЦГ. Победникот од овој меч кој требаше да се одигра следната недела ќе обезбеди место во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!