ФудбалФудбал - Македонска репрезентација
ФОТО: ФФМ ги послуша навивачите, Македонија на ЕП ќе игра со стариот дрес ?

Фудбалската федерација на Македонија пред два дена ги промовираше новите дресови за настап на Европското првенство, кои беа во комбинација со бордо, бела и црна боја. Во јавноста имаше бура од реакција, а беше покрената и онлајн петиција за враќање на стариот дрес.
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини вечерва на социјалните мрежи објави фотографија на која се наоѓа старид дрес, кој го бараа и навивачите. Дали тоа значи дека македонските фудбалери на историското Европско првенство ќе настапат во овој дрес ?
„Фудбалот се игра за фановите“, напиша Сејдини.
