ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Евро-гол на Додев – Брегалница ја освои Струмица, Силекс го збриша Работнички

Брегалница, согласно своите посакувања, ја стартуваше со победа новата сезона во Првата македонска фудбалска лига повеќе од заслужено триумфирајќи со 1-2 на гостувањето против Академија Пандев во Струмица.

Струмичани први дојдоа до водство со погодокот на Душан Јоковиќ во 16. минута од мечот и со предност од 1:0 заминаа на полувреме.

Сепак, во второто полувреме доминацијата на Брегалница вроди со плод. Извонредна акција во 57. минута и евро-гол на Дарко Додев кој со шут од 16 метри под гредата од голот на домашните носи израмнување на 1:1.

Веќе во 62. минута и сосема заслужено водство на „сините“ од 1:2 што се покажа и како конечен резултат. По корнерот од левата страна, капитенот Мојсов со глава ја спушта топката на вториот дирек каде од самиот неколку метри налетува Ристевски за водство на штипјани.

Повратникот во елитата Силекс со сигурен триумф од 2:0 над Работнички на домашниот терен во Кратово ја започна новата сезона од ПМФЛ.

Во првиот дел мрежите во Кратово мируваа (0:0), а во вториот дел паднаа два погодоци. Кратовци до водство дојдоа во 58. минута, откако Арсим Љамалари ја стресе мрежата за 1:0. Неизвесноста за трите бодови на Силекс и надежта за бод на Работнички траеше до 92. минута, кога Филип Стојчевски погоди за конечни 2:0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!