РакометРакомет - Суперлига
ФОТО: Еурофарм Пелистер ја среди Струга во „генералката“ за клучното дерби со Вардар

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер со високи 22:31 ја среди Струга во „генералката“ за клучното дерби против Вардар кое се игра во следното коло во Битола.
По одличниот натпревар со Спортинг во Европската лига, битолчани беа сигурни и сосема очекувано триумфираа над Струга. Овој натпревар доаѓа како подготовка за Еурофарм Пелистер во клучниот натпревар против дирекниот конкурент за титулата.

Пеце Ѓорѓиоски и Жарко Барјактаревиќ со по пет погодоци беа најдобри стрелци за домашните, а пак на спротивната страна Јосип Божиќ Павлетиќ со пет погодоци беа најдобар стрелец.