РакометРакомет - Суперлига

ФОТО: Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за вториот дел на сезоната

Со два тренинзи во текот на денешниот ден Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. Битолчани синоќа се комплетираа, но во првата недела од припремите ќе отсуствуваат репрезентативците на Македонија, Црна Гора и БиХ, кои имаат обрвски кон националните тимови.

Бабиќ состави план на подготовки, во кој битолчани две недели ќе работат во својата база, спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола, а потоа предвидени се подготовки, со серија на тест натпревари. Во зависност од мерките и протоколите во земјата и соседството наскоро клубот ќе одлучи каде ќе се подготвува.

Во овој момент ростерот останува истиот од првиот дел од шампионатот, а целите се борба за националните титули, обид да се стигне на Ф4 во СЕХА Гаспром лигата и пласман во нокаут-фазата на Лига Европа. Пелистерци одиграа пет европски натпревари, на кои запишаа една победа, едно реми и три порази.

Првиот натпревар во 2021 година, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го одигра на шести февруари против ППД Загреб во СЕХА лигата, а три дена подоцна ќе се сретне со Татабања во Унгарија во Лига Европа.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!