ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Енхалон со голем триумф над Шкендија во Тетово, Левески е херој на Шкупи, Проект убедлив

Вечерва со три натпревари беше отворено 8. коло од Првата футсал лига. Екипата на Енхалон забележа голем триумф на гостувањето во Тетово каде со убедливи 4:7 ја доби Шкендија за трета сезонска радост.

Аднан Агушевски и Адем Цаноски беа двојни стрелци и најзаслужни за триумфот, додека пак во листата на стрелци за гостите од Струга се запишаа и Беќир Садиноски, Стојче Аџиоски и Мишо Ѓорѓиески. За домашните двоен стрелец беше капитенот Меритон Халили, а по еден гол постигнаа Агон Хашими и Мухамед Зибери.

Јувентус Серава – Проект

Шампионот Проект сосема очекувано забележа висок триумф над Јувентус Серава со резултат од 2:8. Уште во првиот дел од мечот гостите од Валандово ги обезбедија трите бодови, а во вториот дел без никаков отпор Проект зголеми со нови три гола. Иван Крстевски постигна хет-трик на натпреварот, двоен стрелец беше капитенот Дарко Ранготов, а во листата на стрелци со по еден гол се запишаа и Драган Петровиќ, Мартин Тодоровски и Мирче Стојанов. За домашните двата погодоци ги постигнаа капитенот Осман Мустафа и Дионис Укшини.

Непоразениот лидер Шкупи се намачи против Карадаку во Липково каде славеше со 3:4. Најзаслужен за триумфот на гостите е искусниот Зоран Левески кој три пати ја погоди противничката мрежа. Резултатот го отвори Левески со два рани погодоци во 5. и 8. минута од натпреварот, а Еркан Шабани во 15. минута донесе водство со високи 0:3. По една минута Сами Аљиљи намали на 1:3 на полувреме. Во вториот дел домашните по само пет минути игра дојдоа до 3:3. Најпрво Шабани Валмир намали на 2:3, а Јасир Секири израмни на 3:3. По три минути игра Левески со трет погодок во мрежата на Љатифи ги постави конечните 3:4.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!