ФОТО: Димитров на 53 години застана на голот на Росоман и забележа атрактивни одбрани!

Росоман се врати на победите во Трета лига – Југ, откако вчера во рамки на вонредното 8. коло со 3:1 беше убедлив против новиот третолигаш Бучин, со што ланскиот второлигаш сега е на делба на второто место со Превалец со по 16 бодови, само еден помалку од лидерот Вардар од Неготино.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Но, на вчерашниот натпревар двајцата голмани на Росоман поради оправдани причини не можеа да настапат, па на голот застана 53 годишниот Душко Димитров, кој инаку е тренер на голманите во Росоман, но сè уште е регистриран и како играч.

Димитров вчера беше одличен меѓу стативите на Росоман, прими само еден гол, но имаше и одлични интервенции со што неговата екипа го „грабна“ целиот „плен“ и се проби на второто место на табелата.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428