ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Џенгис Реџепи ја прероди Беса, клубот нема ниту еден пораз во пролетниот дел!

Тренерот Џенгис Реџепи ја прероди Беса од Добри Дол во пролетниот дел од Втората лига – Запад. Тренерската смена за време на зимската пауза е полн погодок за овој второлигаш кој е на пат да обезбеди сигурен опстанок во второлигашкото друштво.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Ефектот на Реџепи на тренерската клупа на Беса е голем – три победи и три ремија. Пролетниот дел Беса го стартуваше со убедлива победа од 3:1 над Велешта, потоа следуваше реми (0:0) со Силекс. Позитивната серија резултатит продолжи со убедлив триумф од 0:5 над Кадино, и ново реми (0:0) со Силекс и тоа во Кратово. Беса го подели „пленот“ ремизирајќи (0:0) во локалното дерби со Гостивар, а пак во последното коло момците на Џенгис Реџепи забележаа сигурен триумф од 2:0 над Кораби.

Беса се зацврсти на петото место на табелата со 25 бодови и има само бод негатива од Гостивар кој е шести на табелата. Во следното коло кое се игра на 9. април екипата на Беса ќе гостува во Тетово кај Тетекс.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Беса за следната сезона има за цел да ги напаѓа местата кои водат во Прва лига и да направи нов историски успех – влез во Првата македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!