ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Детонит ремизираше против Кожуф на првиот тест

Второлигашот Детонит од Радовиш денес го одигра првиот контролен натпревар во рамки на зимските подготовки. Радовишани под водство на Илија Сасански ремизираа во Гевгелија против Кожуф играјќи без погодоци (0:0).

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

Следниот тест за радовишани ќе биде против Кит Го во Пехчево на 29. јануари, а потоа следуваат контролки против Осогово (2. февруари), Борец (7. февруари) и Кадино (12. февруари) сите на гостински терен.

>>> ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО ЗА ОДМОР – РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<

Детонит есенската полусезона ја заврши на осмата позиција на табелата со 16 освоени бодови, а во пролетниот дел целта на радовишани ќе биде да изборат сигурен опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!