ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Детонит претстави неколку нови засилувања

Радовишкиот второлигаш Детонит претстави неколку нови засилувања за пролетната полусезона од Втората лига – Исток.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<

Во дресот на Детонит беа промовирани играчот за врска Милан Чичевски, левото крило Јосиф Манасиев, левиот бек Фисник Салиу, како и Иван Настевски и Тони Мирчевски.

26-годшниот Чичевски во Радовиш доаѓа од второлигашот Локомотива од Градско, а има настапувано и за Борец, Каменица Саса, Вардар од Неготино, Тетекс, Еуромилк ГЛ и Металург.

Манасиев кој има 22 години во Детонит пристигна од Борец, а има настапувано и за Кожуф од Гевгелија и Слога 1934 од Виница.

ФОТО: radovisnews.mk

19-годишниот Салиу во Радовиш доаѓа од редовите на охридска Воска Спорт, а потекнува школата на Вардар.

Мирчевски кој има 25 години во редовите на Детонит доаѓа исто така од Воска Спорт, а теренот во Радовиш му е многу добро познат бидејќи претходно имаше настапи за радовишка Плачковица, а во својата кариера има на стапувано и за штипска Брегалница, Борец од Велес, делчевска Брегалница, Скопје, Вардар и Цементарница 55.

30-годишниот Настевски во Детонит пристигна од второлигашот Охрид Лихнидос, а претходно настапуваше за Скопје, Гостивар, штипска Брегалница, Пехчево, Македонија ЃП, Еуромилк ГЛ, Тетекс и Работнички, а имаше и меѓународна кариера со настапи во грчкиот и српскиот шампионат, па неговото искуство ќе биде од големо значење за Детонит.

Радовишани пролетната полусезона ја отвараа со гостување во Градско кај „фенерџијата“ Локомотива.

>>> СПОРТСКА МРЕЖА Е ЕДИНСТВЕНИОТ СПОРТСКИ ПОРТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА КОЈ ЈА РАБОТИ ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ГЛАСАJTE ЗА СПОРТСКА МРЕЖА ЗА НАЈДОБАР СПОРТСКИ САЈТ НА ГОДИНАТА <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!