ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Детонит Плачковица со минимален триумф над Академија Пандев на пријателски меч

Македонските прволигаши и второлигаши ја користат репрезентативната пауза за одигрување на пријателски натпревари.

Денес, во Струмица, на СЦ „Пандев“ прволигашот Академија Пандев и второлигашот Детонит Плачковица одиграа пријателски меч, во кој радовишани со минимални 0:1 славеа над „пандевци“.

ФОТО за Спортска Мрежа.МК: Сашко Петров

Стрелец на единствениот гол за триумф на амбициозната екипа на Детонит Плачковица беше Иван Настевски, кој стрелаше во 8. минута од мечот.

ФОТО за Спортска Мрежа.МК: Сашко Петров

Академија Пандев влезе во резултатска криза на последните три кола во Прва лига и тоа резултираше со смена на тренерската клупа, каде беше промовиран Александар Васоски за старо-нов тренер.

ФОТО за Спортска Мрежа.МК: Сашко Петров

Детонит Плачковица игра одлична сезона во Втората македонска фудбалска лига и радовишани се наоѓаат високото четврто место.

ФОТО за Спортска Мрежа.МК: Сашко Петров

По завршувањето на репрезентативната пауза, Академија Пандев ја тежок дуел на домашен терен против актуелниот шампион Шкупи во рамки на 9. коло од ПМФЛ, додека пак Детонит во рамки на 6. коло од ВМФЛ ќе гостува на „Билјанини Извори“ кај екипата на Охрид.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!