ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Детонит Плачковица го сруши Пелистер, кикс на Гостивар, Вардар и Воска убедливи

Денес беа одигра седум од осум натпревари од 7. коло во Втората македонска фудбалска лига. Седмата рунда донесе интересни натпревари и неколку изненадувања.

Детонит Плачковица продолжува со одлични игри, четата на Гордан Здравков уште еднаш покажа дека игра допадлив фудбал и не признава фаворити, откако на Градскиот стадион во Радовиш со сруши и Пелистер со гол од пенал.

ФОТО: Сашко Петров | Детонит Плачковица – Пелистер

Човек на одлука на мечот во Радовиш беше Дарко Алексовски, кој погоди од белата точка во 61. минута и ги обезбеди трите бодови за Детонит Плачковица. Радовишани со натпревар помалку се искачија на високото четврто место со 13 бодови, а доколку в среда забележат уште една победа во заостанатиот меч против Охрид на гостински терен, тогаш Детонит Плачковица ќе се пробие на третото место со 16 бодови и негатива од бод во однос на второпласираната Воска и негатива од три бода во однос на Вардар со што надежите за историски настап во Прва лига како што пишуваше и Спортска Мрежа на стартот од сезоната значително ќе се зголемат.

ФОТО: Сашко Петров | Детонит Плачковица – Пелистер

Борец впиша нов пораз, откако денес на Градскиот стадион во Велес загуби од Охрид со резултат од 1:2. Велешани на полувреме имаа водство од 1:0 со голот на Милан Чичевски, но во вториот дел охриѓани преку Кристијан Костовски во 55. минута најпрво израмнија на 1:1, а преку Мартин Нически во 85. минута стигнаа до голем триумф од 1:2 за излез од резултатската криза.

Борец продолжува да тоне на табелата, откако денес го впиша седмиот последователен пораз.

Караорман денес стигна до многу важен триумф над Арсими, откако покрај езерото со 2:0 славеше за втор сезонски триумф. Стружани до триумфот дојдоа во самиот финиш од мечот. Аљтим Лога во 87. минута од мечот го отвори резултат за водство од 1:0, а во судиското надополнување односно во 93. минута преку Сашо Шопоски стигнаа водство од 2:0, а тоа воедно беше и конечниот резултат.

Вардар сосема очекува го однесе целиот „плен“ од Каменица Саса каде со 0:3 славеше над Каменица Саса. Резултатот на полувреме беше 0:1 во полза на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, откако Дарко Мицевски го отвори резултатот со гол од пенал. Во вториот дел неизвесноста траеше до 71. минута, кога Филип Јаневски погоди за водство од 0:2 со што „вардарци“ во финишот влегоа сосема сигурно кога се во прашање трите бодови. Во судиското надполнување Владимир Жоглев стрелаше за конечни 0:3.

Беса со убедливи 6:1 го декласираше Тетекс, кој немаше сили да го запре налетот на домашниот состав. Разиграната Беса беше голем фаворит на овој меч, а фаворитската улога беше оправдата со висока победа.

Резултатот го отвори Дарко Дигаловски, кој си постигна автогол за водство на Беса од 1:0, а до крајот на првиот дел Берат Исмаил постигна гол за 2:0 на полувреме. На стартот од вториот дел Флорент Османи постигна гол и го намали водството на Беса на 2:1, а тоа како да го вклучи алармот кај домашниот тим, кој најпрво сериозно си ја сфати работата и до врв ја наполни мрежата на „штофарите“ со што не дозволи изненадување. Малиќ Белули, Џемаил Есати, Алмир Реџепи и Фитон Адеми беа стрелци за домашниот тим за конечните 6:1.

Беса сега се проби на делба на петтото место со Пелистер со по 11 освоени бодови, додека пак Тетекс е во резултатска криза и падна на 12-тото место на табелата.

Фаворитот за Прва лига, Гостивар ремизираше против струмичка Беласица играјќи 0:0. Ваквиот резултатот не му одговара на Гостивар со оглед на тоа што сега е трет со 15 бодови и ма негатива од 4 бодови во однос на лидерот Вардар и два бода негатива во однос на второпласираната Воска. Но, Гостивар може да падне и на четвртото место, доколку Детонит Плачковица го совлада Охрид в среда во заостанатиот меч од 6. коло.

Новиот тренер на Беласица, 32-годишниот Благој Гуцев со реми дебитираше на клупата на струмичкиот второлигаш. Гуцев е наследник на Шефки Арифовски.

ФОТО: Спортска Мрежа | Воска Спорт – Слога Виница

Воска Спорт без многу мака го совлада младиот состав на Слога од Виница. 45 минути беа сосема доволно за охриѓани да запишат триумф и да обезбедат цел „плен“ во меч каде домаќинот беше апсолутен фаворит во секој поглед.

Резултатот беше отворен во 17. минута од мечот, откако Изаир Емини успешно реализираше од белата точка. Само две минути подоцна Ангелов капитулираше по втор пат, откако прими втор гол, овој пат стралеш Бехар Фета за 2:0. Младите фудбалери на Слога немаа сили за да го запрат налетот на домаќините, кои преку Абдулвахит Мурати веќе во 25. минута имаа водство од убедливи 3:0.

ФОТО: Спортска Мрежа | Воска Спорт – Слога Виница

Во вториот дел Воска Спорт продолжи да доминира на теренот, а откако не искористи повеќе од седум – осум 100 процентни шанси резултатот остана ист од првиот дел (3:0).

Седмата рунда ќе биде комплетирана утре со дуелот меѓу Локомотива Пехчево и Кожуф од Гевгелија.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!