ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Детонит Плачковица го прегази Тетекс среде Тетово, високи победи за Воска и Беласица

Без голови во Битола и Виница, високи победи за Воска и Беласица, Детонит Плачковица игра допадлив фудбал и гледа кон Прва лига. Тоа е епилогот од 2. коло од Втора лига.

Пелистер и Беса од Добри Гол го поделија „пленот“, откако во Битола ремизираа без голови (0:0), а голови немаше ниту во Виница, каде Слога и Караорман одиграа 0:0.

Караорман – Слога Виница

Беласица по поразот во Радовиш од Детонит Плачковица, денес испука „петарда“ и го „разнесе“ Борец со убедливи 5:0. Велешани беа далеку од достоен противник за разиграната Беласица, која уште од старт најави дека има намера да ја „искине“ мрежата на противникот од Велес.

Даниел Радојчиќ стрелаше во 6. и 14. минута за 2:0, а до крајот на првиот дел два гола постигна и Аднреј Симевски за 4:0 на полувреме. Во вториот дел Славче Митовски ги постави конечните 5:0.

Гостивар потешко од очекуваното стигна до триумф над Каменица Саса, откако на домашен терен славеше со минимални 1:0, а херој на мечот беше стрелецот на погодокот постигна во 83. минута Емран Рамадани.

Воска Спорт сосема очекувано ги обезбеди трите бодови, откако со високи 3:0 славеше над Локомотива Пехчево. Во првиот дел мрежите мируваа, додека пак во второто полувреме паднаа сите три погодоци. Ален Јашароски го отвори резултатот во 53. минута, додека пак Изаир Емини ја дуплираше предноста во 68. минута. Бехар Фета во 81. минута ги постави конечните 3:0.

Воска Спорт – Локомотива Пехчево

Детонит Плачковица игра допадлив фудбал и уште еднаш покажа дека најавените високи амбиции можат да бидат остварени. Радовишани среде Тетово со убедливи 1:3 го „средија“ Тетекс и дома се вратија со цел „плен.“

На полувреме радовишани имаа водство од 0:1 со голот на Јовица Радевски постигна во 25. минута од мечот. На стартот од вториот дел Никола Сарески веднаш израмни и ги врати „штофарите“ во трка за трите бодови. Само четири минути подоцна Радевски со втор гол го врати водството на Детонит Плачковица. Конечните резултат го постави Филип Димоски во 72. минута од мечот.

Вардар триумфираше над Охрид со сигурни 2:0 на домашен терен. Најтројфениот македонски фудбалски клуб го отвори резултатот во 32. минута преку Симеон Христов, а Нијаз Јусуфи во 80. минута го постави конечниот резултат (2:0).

Арсими го забележа првиот триумф како второлигаш, откако денес во Гевгелија со 1:2 славеше над Кожуф, а трагичар на мечот беше Христијан Бејков кој си постигна автогол во 35. минута од мечот со што Арсими дојде до водство од 0:1.

Во 84. минута од мечот Давид Ристовски постигна израмнувачки погодок (1:1) со што домаќинот дојде до позиција да се бори и за трите бодови. Во судиското надополнување во 93. минута од мечот Ерион Шуку ја „замрзна“ домашната публика откако погоди за 1:2 и голем триумф за новиот второлигаш од Чегране.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!