ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Детонит Плачковица ги заокружи подготовките, радовишкиот второлигаш со високи амбиции

Радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица ги заокружи подготовките за новата сезона од единствената Втора македонска фудбалска лига, во која радовишани имаат високи амбиции.

Детонит Плачковица започнува со испишување на нова историја во фудбалот во Радовиш, откако двата градски ривали се фузираа во еден клуб и со тоа најавуваат високи цели, односно во есенската полусезона целта ќе биде пласман во првите пет екипи.

Со вчерашниот тим-билдинг на хотел „Бел Камен“ на планината Плачковица во Радовиш и заедничкиот ручек на екипата со Градоначалникот на општина Радовиш беа заокружени подготовките за новата сезона од Втора лига.

„ФК Детонит Плачковица започнува со испишување на нова историја во фудбалот во Радовиш. Во подготвителниот период, покрај редовниот тренажен процес, одигравме шест пријателски натпревари и тоа со еден странски – ФК Трајал, три прволигашки ФК Скопје, ФК Академија Пандев и ФК Силекс и два второлигашки тима, постигнувајќи одличен резултат – два порази, две нерешени и две победи со ФК Кожув и ФК Слога. Со вчерашниот тим-билдинг на Хотел Бел Камен и заедничкиот ручек со Градоначаникот на општина Радовиш ги заокружуваме подготовките и пред нас е почетокот на натпреварувањето во Втората Македонска лига. Рамо до рамо ќе се бориме со Вардар, Пелистер, Беласица, Тетекс, Гостивар, Борец, Воска, Саса и други. Нашите очекувања во Есенскиот дел се пласман во првите пет екипи, но за таа цел потребен ни е дванаесетиот играч. Потребна ни е поддршката од Вас, од спортските работници, од приватниот сектор, од граѓаните. Да се сплотиме сите, да ги наполниме трибините на градскиот стадион и заеднички да го вратиме сјајот на фудбалот во Радовиш“, велат од радовишкиот второлигаш.

Детонит Плачковица новата сезона од Втора лига ја стартува на домашен терен против струмичка Беласица. Инаку, стартот на новата сезона требаше да се случи минатиот викенд, но истиот е одложен, бидејќи поголем дел од второлигашите немаат платено котизација.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!