ФОТО: Детонит Плачковица гази сѐ пред себе, радовишани гледаат кон Прва лига

По две одиграни кола во единствената Втора македонска фудбалска лига екипата на Детонит Плачковица од Радовиш е најпријатното изненадување. Радовишани играат допадлив фудбал, а нивната првична цел пред стартот на новата сезона беше екипата да заврши во првите пет екипи на полусезоната.
„Фрути Суп Борд“ – возење низ Охридското езеро со вкусни коктели, музика и диви плажи
Остварувањето на првична цел на Детонит Плачковица е сосема реално, а исто така, според резултатите по првите две кола од новата сезона, радовишани сосема очекувано може да се наметнат и како екипа која ќе има повисоки амбиции во текот на сезоната.

Пред стартот на летните подготовки за новата сезона двата градски ривали Детонит и Плачковица се фузираа во еден клуб – Детонит Плачковица. Минатата сезона Детонит за влакно се спаси од испаѓање во Трета лига – Исток, додека пак Плачковица која пред две сезони испадна од Втора лига – Исток, минатата сезона „паузираше“ и не се натпреваруваше во Трета лига – Исток.
Тренерот Горан Здравков во март годинава го презеде кормилото на Детонит и успеа да го спаси клубот од испаѓање. Годинава младиот тренер од Штип направи компактен тим кој носи резултати.

На стартот од сезоната Детонит Плачковица на домашен терен со сигурни 2:0 славеше над фаворитот Беласица. Победничкиот ритам продолжи и во второто коло, кога радовишани во саботата со високи 1:3 го декласираа Тетекс среде Тетово и дома се вратија со три бодови.
Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро
Следен на „менито“ на Детонит Плачковица е Вардар, кој ќе има незгодно гостување на „жешкиот“ терен во Радовиш. „Вардарци“ можеби ќе важат за фаворити, но пред себе ќе имаат еден сериозен, амбициозен и квалитетно засилен тим.

Двете екипи имаат по максимални 6 бодови, но поради подобрата гол разлика Детонит Плачковица е на второто место зад Воска Спорт, а пред Вардар кој е трет.