ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Детонит максимално подготвен за денешниот дуел со Осогово

Денес ќе биде одигран одложениот дуел меѓу Детонит и Осогово кој требаше да биде одигран во саботата во рамки на последното есенско коло од Втората фудбалска лига – Исток.

Поради лошата состојба на теренот во Радовиш натпреварот мораше да биде одложен бидејќи немаше никакви услови за игра.

Одлична атмосфера владее во екипата на Детонит која денес го игра клучниот дуел со „жетварите“ од Кочани во битката за трите бодови и сигурен опстанок во второлигашкото друштво за следната сезона.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!