ФОТО: Детонит ја запре Слога во Виница и „откина“ бод, Победа убедлива во Кочани против Осогово

Братство ја понижи Локомотива на „Могила“ со убедливи 4:1 во дербито од дното на табелата. Двоен стрелец за екипата од Житоше беше Еркан Шаип, а по еден гол постигнаа Темур Емиини и Емир Мустафа. За гостите од Градско едиствениот погодок го постигна Слободан Дуков.
Кожуф конечно забележа победа и запиша три важни бодови во дуелот со Кит Го од Пехчево. Стефан Терзиев беше херојот на второлигашот од Гевгелија кој ги постигна двата погодиц, а за гостите стрелаше Михаил Милевски.

Победа конечно се врати на победничките патеки откако во Кочани со 1:3 триумфираше над Осогово. Гостите од Прилеп преку Давид Јошески го отворија резултатот уште во 2. минута од мечот. Во вториот дел капитенот Тоше Манов израмни на 1:1, а потоа следуваа два брзи гола на Победа. Во 61. минута Филип Стомнароски донесе ново водство за Победа, а Бојан Спиркоски две минути подоцна ги постави конечните 1:3.

Детонит среде Виница „откина“ бод кај лидерот Слога откако одигра 1:1. По само шест минути игра Христијан Крклински ја донесе Слога во водство. На старотот од вториот дел тенерот на радовишани, Илија Сасански ја погоди измената, откако во игра го пушти Петар Лековков кој по 12 минути игра ја стресе противничката мрежа за конечни 1:1 и голем бод за радовишани.

Дуелот во Македонска Каменица меѓу екипите на Каменица Саса и Беласица заврши без погодоци (0:0) и без победник со поделба на „пленот“.