ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Демир Хисар со триумф над Питу Гули на контролен натпревар

Новиот член на Третата лига – Југозапад, екипата на Демир Хисар денес одигра контролен натпревар против третолигашот Питу Гули од Крушево кој заврши со победа од 2:1 за екипата на Демир Хисар.

Новиот третолигаш до триумфот стигна со погодоците на Игор Димитријовски и Виктор Ѓорѓиовски, додека пак за екипата од Крушево единствен стрелец беше Унџа Бојаџиески.

Питу Гули пред две сезони се натпреваруваше во Втората лига – Исток, а од минатата сезона продолжи во Третата лига – Југ.

Инаку, контролниот натпревар помеѓу овие два третолигаши се одигра на Градскиот стадион во Демир Хисар, пред околу 300 луѓе публика.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!