ФОТО: Демир Хисар на контролка го декласираше Лисолај, третолигашот претстави шест нови засилувања

Третолигашот Демир Хисар денес го одигра својот прв контролен натпревар пред почетокот на пролетната полусезона од Третата лига – Југозапад.
Демир Хисар со 6:3 славеше убедлива победа на тестот против четвртолигашот Лисолај, а стрелци за третолигашот беа голгетерот Стефан Каревски со два погодоци, Александар Ангелевски, Дамјан Милошевски, Стефче Ангелевски и Јовче Китановски.
Во Демир Хисар пристигнаа и шест нови засилувања за пролетните предизвици. Александар Николоски доаѓа од екипата на Поешево, Дарко Ангеловски пристигна од Питу Гули од Крушево, Дејвид Бојаџиев од Кравари, Христијан Јолевски од Бучин, Мики Талевски од Стрела од Могила која се откажа од натпреварувањето во Трета лига – Југ, како и младиот Александар Мијаковски.

Демир Хисар во среда ќе одигра уште еден контролен натпревар против третолигашот Питу Гули од Крушево, а потоа во рамки на првото пролетна коло ќе ги одмери силите со непоразениот лидер Караорман од Струга.
Екипата е максимално подготвена за пролетната полусезона, а во есенската полусезоан Демир Хисар како нов член на Третата лига – Југозапад прикажа одлични игри и зимата ја помина на седмата позиција на табелата.