ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Четата на Сасански го освои Градско, чекор напредок во битката за директен опстанок на радовишани

Илија Сасански и неговите момци победнички ја отворија пролетната полусезона во Втората лига – Исток, откако Детонит со убедливи 1:3 славеше на теренот во Градско над Локомотива и направија чекор напред во битката за директен опстанок во второлигашкото друштво.

Сасански има одлична екипа која денес одигра добар натпревар и сосема заслужено ги грабна трите бодови. Тренерот Сасански е задоволен како од старите играчи, така и од новите кои одлично се вклопија со екипата, тука е и големото искуство на 36-годишниот Мартин Петров кој со своето искуство ќе помага во екипата на Детонит за директен опстанок. Петров беше дел од Силекс пет години и неговото прволигашко искуство за екипата на Сасански ќе биде од големо значење, а доаѓа да им помогне на радовишани од странство.

ФОТО: Galacticos Production

Двете нови засилувања Тони Мирчевски и Милан Чичевски денес беа стрелци на двата погодоци за Детонит, а едниот погодок беше дело на радовишанецот Славчо Јанев.

„Најпрво честитки за моите играчи како за првата постава така и за оние играчи кои влегоа во игра од клупата за резерви кои денес одиграа одличен натпревар. Новите играчи одлично се вклопија и со старите играчи имаме една одлична екипа, а денес на теренот го имавме и искусниот Мартин Петров кој своето прволигашко искуство ќе го пренесува и на останатите играчи, до Глигор Николов кој вчера го прослави својот роденден на тренигот пред мечот со Локомотива, како и до цела публика од Радовиш и верните навивачи кои ни даваат секогаш максимална поддршка. Благодарност до домашната екипа за одличниот и фер пречек во Градско“, вели Сасански за Спортска Мрежа по завршувањето на натпреварот.

ФОТО: Galacticos Production

Детонит ја напушти опасната зона за испаѓање и се искачи на седмата позиција на табелата, во следното коло четата на Сасански на домашен терен ќе го пречека лидерот Победа од Прилеп во меч каде трите бодови ќе бидат императив и за двете страни.

ФОТО: Galacticos Production

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!