ФОТО: БВК Коњаре го прегази Волково со 13 погодоци, Кадино и Еуромилк со убедливи победи

Денес беа одиграни натпревари од 6. коло од Трета лига – Север. Денешното коло предизвика дожд од погодоци на сите натпревари, освен на дуелот ССК Нова – Башкими Љуботен, кој заврши без погодоци 0:0.
Најубедлива победа забележа БВК Коњаре на домашен терен од 13:1 над Волково. На полувреме домашниот тим имаше водство од високи 9:0.
Орхан Мифтар постигна четири погодоци, хет-трик забележаа Гезим Бакиевски и Фатон Беља, а по еден гол постигнаа Фати Јусифи, Лирим Идризи и Љавдрим Ибрахими. За Волково единствен стрелец беше Петар Спировски, кој погоди во 64. минута од мечот.
Ланскиот второлигаш Кадино забележа нов триумф откако со 1:4 славеше на гости против Фортуна. За домашниот тим единствен стрелец беше Фљорим Муртезани, а пак за гостите двоен стрелец беше Милан Ристовски, а по еден гол постигнаа Мартин Лазев и Никола Спасевски.
Раштак дојде до минимален триумф (1:0) против Илинден во финишот од мечот, откако Ѓорѓија Атанасков постигна гол во 72. минута.
Студена Вода и Аеродром го поделија „пленот“ играјќи 3:3. За домашниот тим двоен стрелец беше Дарко Тодоровски, а еден гол постигна Андреј Јовановски. За гостите стрелци беа Сретан Каланоски, Дамјан Пешовски и Кристијан Апостоловски.
Петровец на домашен терен беше поразен од екипата на Маџари Солидарност со двата погодоци на Андреј Рајатоски (0:2).
Башкими забележа голема победа на гостински терен кај Беса Влазрими каде славеше со 2:3. На полувреме гостите имаа водство од 0:1 со голот на Ведат Бајрами. Во вториот дел за Беса Влазрими стрелаа Амир Бајрами и Локман Шабани, а пак за гостите Буњамин Шакири и Куштрим Даути.
Еуромилк ГЛ со 6:2 славеше висока победа над Риниа на домашниот терен во Горно Лисиче. Енсар Сулемани постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Седат Сали, Ахмед Бакијов и Вењант Гаши. За гостите стрелци беа Елмедин Арифи и Харис Азизи.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:
