Европски ФудбалФудбал

ФОТО: Буфон по 20 години на голот на Парма

Легендарниот италијански голман Џанлујџи Буфон дебитираше за Парма по 20 години, но неговиот тим сепак загуби на пријателскиот натпревар против Бохум, со резултат 1:0.

Сега 43-годишниот голман бранеше во првите 45 минути, додека на семафорот стоеше 0:0. Парма беше многу подобар ривал во тој период, а тоа го изјави и тренер Енцо Мареска по мечот.

Сепак, во продолжението, по бројните измени (Буфон беше заменет со Риналди), Бохум го постигна единствениот гол преку резервистот Раман Чибсах.

По натпреварот, Буфон објави твит, во кој напиша:

„7339 дена подоцна“!, Приложувајќи фотографии од неговиот изглед во дресот на Парма.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!