ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Брегалница со триумф против Борец, прв гол за Азиновиќ

Фудбалерите на Брегалница имаа успешна прва контрола низ летните подготовки за новата сезона, триумфирајќи со 2-0 против Борец од Велес на пријателскиот натпревар кој се одигра во Пехчево.

Во поквалитетно издание од противникот, избраниците на Марјан Секуловски сосема заслужено дојдоа до победата која беше обезбедена со двата погодоци во второто полувреме.

Најпрво во 55. минута Андреј Кудијан погоди за водство од 1-0, а во 82. минута уште на првиот настап во синиот дрес стрелаше Хрватот Антонио Азиновиќ, кој низ актуелниот трансфер-период пристигна во редовите на Брегалница.

За „сините“ продолжуваат подготовките во Пехчево, се до 10. јули кога е планирано заминувањето во српскиот туристички центар Златибор каде ќе биде реализирана финалната фаза од подготовките.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!