ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Брегалница ја декласираше Македонија ЃП, Академија Пандев на крилата на Мирчевски до голем триумф над Шкендија

Брегалница ја забележа најубедливата победа во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига откако на домашен терен со високи 4:1 славеше над Македонија Ѓорче Петров. Штипските „сини“ тргнаа одчично и во 16. минута преку Никола Ескиќ дојдоа до водство од 1:0. Веќе во 27. минута по големиот притисок штипјани дојдоа до водство од сигурни 2:0, а стрелец во 27. минута беше Марјан Алтипармаковски. Во финишот на првиот дел Грујоски покажа на белата точка за домашните, а Мартин Стојанов успешно реализираше за 3:0 на полувреме.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во вториот дел Абу Камара успеа да намали на 3:1 во 70. минута, а девет минути подоцна Алтипармаковски со втор гол ги постави конечните 4:1 и голем триумф за избраниците на Марјан Секуловски.

Шкупи на гостување во Кавадарци кај Тиквеш славеше со минимални 0:1, а стрелец на единствениот погодок во 30. минута беше Абудл Руатубјаје.

Во Тетово екипата на Ренова славеше против Пелистер со сигурни 2:0. „Гипсарите“ до триумфот стигнаа со погодоците на Ремзифаик Селмани во 62. минута и Шефит Шефити во 72. минута.

Академија Пандев со пресврт славеше против актуелниот шампион Шкендија, откако во Струмица на „Благој Истатов“ со 2:1 стигна до својот петти сезонски трумф. Гостите од Тетово први дојдоа до водство со голот на Љупчо Дориев во 17. минута од натпреварот. Во вториот дел Мартин Мирчевски со два погодоци во 77. и 87. минута донесе големи три бодови за „пандевци“.

Струга Трим Лум на домашен терен одигра само 1:1 против Борец. Стружани први го отворија резултатот во 9. минута со гол на Цаке, а Љума во 82. минута донесе реми за велешани и голем бод од тешкото гостување покрај езерото.

Вчера Скопје славеше со минимални 0:1 над Работнички на Националната арена, а извештајот од натпреварот можете да го прочитате овде.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!