ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Брегалница испушти победа во последните минути против српскиот Графичар

Фудбалерите на Брегалница во последните минути од средбата испуштија победа против српскиот Графичар на вториот тест-дуел за време на подготовките на Златибор. „Сините“ на крај ремизираа (2-2) со српскиот тим кој израмнувачкиот погодок го постигна во 88. минута од средбата.

Претходно, избраниците на Марјан Секуловски одиграа подобро прво полувреме од противникот сосема заслужено стигнувајќи до водство од 1-0 со прекрасниот погодок на Мартин Стојанов во 37. минута од натпреварот, кој одлично шутираше од 20 метри во долниот лев агол од голот на Графичар.

Во второто полувреме српскиот тим во кој играше и поранешниот македонски репрезентативец Александар Тодоровски, а од клупата е предводен од поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски, дојде до израмнување со гол во 81. минута. Сепак, Брегалница повторно поведе во 83. минута со голот на Јован Манев, за да во 88. минута Графичар израмни за конечни 2-2.

Марјан Секуловски натпреварот го почна со следниот состав: Денковски, Манев, Мојсов, Азиновиќ, Маневски, Ацковски, Минчев, Дујовски, М. Стојанов, Додев, Кудијан. Во второто полувреме играа и Петровски, Муарем, Коцев, Георгиев, Кудев, Наумоски, Бакрачески…

Следниот пријателски натпревар за Брегалница е против црногорскиот прволигаш Искра Даниловград на 17. јули.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!