ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Брегалница ги стартуваше подготовките за враќањето во Првата лига

Фудбалерите на Брегалница ги стартуваа подготовките за враќањето во Првата македонска фудбалска лига.

Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски ги собра своите избраници, на стартот од подготовките со две квалитетни засилувања во одбраната, поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов и Хрватот Антонио Азиновиќ.

ФОТО: ФК Брегалница

Во Штип ќе се работи до 28. јуни кога следи преселба во Пехчево во тренинг-базата на спортскиот комплекс „Гогов“. На 3. јули во Пехчево е планирано и одигрување на првиот пријателски натпревар летово, против Борец од Велес.

ФОТО: ФК Брегалница

Тимот на 10. јули се сели во српскиот туристички центар Златибор каде ќе бидат реализирани централните техничко-тактички подготовки. На подготовките во Златибор предвидено е одигрување и на четири пријателски средби.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!