ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Брегалница договори тест и со српскиот прволигаш Бачка

Четврти ден фудбалерите на Брегалница ги реализираат подготовките на Златибор пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски денеска им сервираше два тренинзи на избраниците како финална подготовка и пред утрешниот втор пријателски натпревар, против српскиот Графичар кој е предводен од поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски.


Претходно, како што е познато, „сините“ го победија црногорскиот Морнар со 2-0, со двата погодоци на Андреј Кудијан. Покрај Графичар, за време на подготовките ќе се одиграат и тест дуелот против Искра Даниловград на 17. јули, а договорен е и четвртиот пријателски натпревар, на 21. јули против српскиот прволигаш Бачка Паланка, кој изминатава сезона испадна од Суперлигата на Србија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!